top of page

ФУДБАЛСКО УЖИВАЊЕ
над 20 години
Фудбалот е маѓија. Играњето фудбал е неповторливо уживање. Независно од статусот, професијата или животната доба, него го практикуваат и стари и млади и популарни и анонимни и мажи и жени и деца. Тајната е во внатрешнот баланс што го има фудбалот како игра, лесно разбирливите правила, едноставноста за негово базично играње, вклученоста на сите учесници, возбудата од постигнатиот гол.
Сепак, вистинско незаборавно доживување е кога се игра ГОЛЕМ ФУДБАЛ, на голем терен, со комплетна фудбалска опрема, судии, тренери. Нашиот едукативен систем Ви нуди можност да практикувате како хоби фудбал на професионално ниво.





Конечно, во Македонија го нудиме она што е карактеристично за современиот развиен свет, на пример Англија - фудбал како начин на живот, фудбал како пат до сопствена и семејна среќа, фудбал за надминување на стресот, фудбал како соврешно организирано хоби според врвните стандарди на оваа вонвременска игра. Пријави се денес, пријави ги и членовите на своето семејство и стани дел од нашиот фудбалски универзум.
„Ние уживаме во играта„.
bottom of page