top of page

Академија за врвен фудбал
од 4 до 19 години
ОСНОВНА ПРОГРАМА
Тренинзи: 2 пати неделно по 60 минути.
Натпревар 1 неделно - 30-90 минути.
Професионално стручно водство од УЕФА лиценциран тренер.
Учество во „Младинската лига ГОЛЕМ ФУДБАЛ„
Регистрација на играчот во ФФМ во рамките на ФК „Даме Груев„ - Скопје и можност за учество во соодветната лига на Фудбалската федерација на Македонија
ЦЕНА: 800 денари месечно.
ЕЛИТНА ПРОГРАМА
Тренинзи: 3 пати неделно по 60 минути.
Натпревар 1 неделно - 30 - 90 минути.
Теоретска настава за фудбалот,
анализа на натпревари, стратегија, позиционирање.
Примена на КРУГОТ НА УСПЕХОТ со учество психолог, педагог, нутриционист, кондиционен и фитнес тренер, мотивационен тренер.
Дополнителна едукација - бон тон, култура, уметност, општество...
Заеднички со семејството планирање и грижа за кариерата на фудбалерот.
Професионално стручно водство од УЕФА лиценциран тренер.
ЦЕНА: 4.000 денари месечно.
Професионален фудбалски развој
над 20 години
ОСНОВНА ПРОГРАМА
Тренинзи: 2 пати неделно по 60 минути.
Натпревар 1 неделно - 60 - 90 минути.
Професионално стручно водство од УЕФА лиценциран тренер.
ЦЕНА: 6.000 денари месечно
ЕЛИТНА ПРОГРАМА
Тренинзи: 3 пати неделно по 60 минути
Натпревар 1 неделно - 60 - 90 минути
Индивидуален пристап и детална анализа на
играчот, неговата игра и подготовка на индивидуална програма
за надминување на слабостите и играчки развој.
Индивидуални тренинзи и програма за индивидуална работа во насока на надиминување на слабостите и максимално развивање на квалитетите.
Теоретска настава за фудбалот,
анализа на натпревари, стратегија, позиционирање.
Примена на КРУГОТ НА УСПЕХОТ со учество психолог, педагог, нутриционист, кондиционен, фитнес и мотивационен тренер.
Заеднички со фудбалерот планирање и грижа за неговата фудбалска кариера
Професионално стручно водство од УЕФА лиценциран тренер.
Фудбалскиот и маркетиншкиот сегмент можат да се одберат заедно или поединечно.
Фудбалскиот сегмент
ЦЕНА: 19.000 денари месечно
Маркетиншкиот сегмент
ЦЕНА: 12.000 денари месечно
Фудбалско уживање
над 20 години
ОСНОВНА ПРОГРАМА
Тренинзи: 2 пати неделно по 60 минути.
Натпревар 1 неделно - 60 - 90 минути.
Професионално стручно водство од УЕФА лиценциран тренер.
Учество во тим во „Лигата на уживање ГОЛЕМ ФУДБАЛ„.
Можност за учество во соодветна лига на Фудбалската федерација на Македонија во рамките на ФК „Даме Груев„ - Скопје.
ЦЕНА: 800 денари месечно
ЕЛИТНА ПРОГРАМА
ин
Тренинзи: 2 пати неделно по 60 минути.
Натпревар 1 неделно - 60 - 90 минути.
Индивидуален пристап и детална анализа на
играчот, неговата игра и подготовка на индивидуална програма
за надминување на слабостите и играчки развој.
Теоретска настава за фудбалот,
анализа на натпревари, стратегија, позиционирање
Професионално стручно водство од УЕФА лиценциран тренер
Учество во тим во „Лигата на уживање ГОЛЕМ ФУДБАЛ„.
Можност за учество во соодветна лига на Фудбалската федерација на Македонија во рамките на ФК „Даме Груев„ - Скопје.
ЦЕНА: 6.000 денари месечно
ПРОГРАМА ЗА КОМПАНИИ
колективна, за 15-20 фудбалери
Тренинзи: 2 пати неделно по 60 минути.
Натпревар 1 неделно - 60 - 90 минути.
Колективен пристап и детална анализа на
тимот и неговата игра и подготовка на програма
за програма за развој на играчите и тимот.
Теоретска настава за фудбалот,
анализа на натпревари, стратегија, позиционирање.
Градење на филозофија на тимот.
Брендирање на тимот во дресови со боја и лого на компаниајта.
Комплетно сервисирање на опремата, перење, пеглање, чистење копачки и кабиењер кој се грижи за тимот идентнично како во професионалните фудбалски клубови.
Професионално стручно водство од УЕФА лиценциран тренер.
Учество во „Лигата на уживање ГОЛЕМ ФУДБАЛ„.
Можност на поединци за учество во соодветна лига на Фудбалската федерација на Македонија во рамките на ФК „Даме Груев„ - Скопје.
ЦЕНА: 120.000 денари месечно
РОДИТЕЛСКА ПРОГРАМА
ГОЛЕМ ФУДБАЛ го стимилуира семејното учество во своите програми и проекти. Освен инволвираноста на семејството во развојот на младите фудбалери, овозможуваме активен спортски ангажман на родителите. Наместо само да го чекате своето дете вклучете се во родителската фудбалска програма. Според идентичните принципи на тренирање на Вашето дете можете за време на неговиот тренинг на истот стадион и Вие да тренирате фудбал, согласно сегментите предвидени во програмата ФУДБАЛСКО УЖИВАЊЕ.
За родителите на децата од ОСНОВНАТА програма на академиајта ЦЕНА: 600 денари месечно
За родителите на децата од ЕЛИТНАТА програма на академијата ЦЕНА: 800 денари месечно
ПРОЦЕДУРА, ОБВРСКИ НА ФУДБАЛЕРОТ И ТЕХНИЧКИ ТРОШОЦИ
Секој играч во текот на една сезона ги има следните подготвителни активности и ги покрива следните трошоци:
1. Регистрација во ФФМ
2. Два дреса со гакици, штуцни, костобрани и топка
3. Лекарско уверение извадено на Кличнички Центар на клиниката за физиологија со упат од матичен лекар. Закажувањето го прави играчот самостојно, пред почетокот на сезоната.
4. Потврда за здравствено осигурување на фудбалерот која се доставува до клубот. Здравствено неосигураните играчи немаат можност да учествуваат во програмата ГОЛЕМ ФУДБАЛ и во работата на ФК „Даме Груев„ - Скопје.
5. ГОЛЕМ ФУДБАЛ ги организира регистрацијата во ФФМ и набавките на дресови и дополнителни средства а секој фудбалер по најдостапни цени врши индивидуална уплата за својот сегмент.
6. Запишувањето во програмите на ГОЛЕМ ФУДБАЛ се врши по пат на пополнување на Пријава, по што, по пополнувањето на вкупната документација истото се реализира.
7. Со секој член на ГОЛЕМ ФУДБАЛ, ФК „Даме Груев„ потпишува „Договор за фудбалска едукација„ а со малолетните членови, ваков договор се потпишува со еден од родителите, во рамките на кој се прецизираат сите взаемни обврски и одговорности.
8. Секој член на ГОЛЕМ ФУДБАЛ како едукативен систем на ФК „Даме Груев„ - Скопје, со пристапувањето се обврзува да ги почитува принципите на работа и актите на УЕФА, ФИФА, на ФК „Даме Груев„ - Скопје и на Законите во Република Македонија.
bottom of page