top of page

ПРОФЕСИОНАЛЕН ФУДБАЛСКИ РАЗВОЈ
над 20 години



Процесот започнува со детален скрининг на моменталната, играчка, здравствена, психолошка, емотивна и мотивациона состојба на играчот, изработка на неговиот играчки профил со опфаќање на сите сегменти значајни за неговиот перманентен успех. Врз основа на добиените резултати, во тесна соработка со играчот а по негово барање
и/или во комуникација со неговиот клуб и тренер или менаџер, се изработува индивидуалната дневна, неделна, месечна и годишна програма за професионален развој на играчот. Добро земената анамнеза значи прецизна дијагноза, а точната дијагноза значи точно искористување на правиот лек за секој конкретен проблем, ситуација, состојба. Нашиот пристап создава успех како избор, не како шанса.


„Доживотното учење„ е гаранција за одржлив развој и постојан успех. „Лекот е пет пари, треба само да го знаеш„ вели народната поговорка. Програмата за Професионален фудбалски развој е алката што недостасува во фудбалот во нашата земја. Многу кариери кои до сега се прекинуваа прерано и многу фудбалери кои во определен период на својата кариера влегуваа во криза или во период без ангажман, или пак имаат сегмент во својата игра кој не е доразвиен или не е развиен во вистински обем и квалитет, со оваа програма имаат можност да ги надминат сите пречки, да изградат долга и успешна кариера и среќа во својот приватен живот. Ние создаваме вистинси карактери. Јависе веднаш и закажи термин за разговор со нашиот стручен тим, со што започнува процесот на работа во рамките на нашиот систем.
„Ние уживаме во играта„
bottom of page